Мастер Лунг Мин Данг (1942-2007) е основач на методот за Човечка и универзална енергија и филозофијата на Човештво Просветување Љубов (Mankind Enlightenment Love - MEL). Тој потекнува од Јужен Виетнам, а активноста на помагање и едуцирање на голем број луѓе за овој метод ја вршеше на сите континенти во повеќе од 60 земји. Практиканти на овој методот се луѓе од најразлични раси, возрасти, професии и религии. Мастер Данг за својата работа и улога во човештвото доби голем број награди и признанија.
Методот за Човечка и универзална енергија опфаќа техники за медитација и трансфери на енергија кои се користат за унапредување на човековото ментално и физичко здравје. Тие се учат еднаш за време на семинарите, а може да се применуваат секој ден.
Студентите на методот за Човекова и универзална енергија од многу земји во светот, ја продолжуваат работата на Мастер Данг преку одржување на семинари и помагање со техниките од методот, во најразлични области од човековото живеење.
Нов распоред за енергетскиот трансфер во недела
Објавено на 30-март-2024
Распоред на состаноци
Патување на УЕ студенти во Охрид
8 - 10 јули, 2024
Покана за ниво 20 и собир на студенти од Универзална енергија во Македонија
Издадена нова електронска книга - Спрецијалниот состанок во Тиел
Наменета за практикнатни од ниво 7 до ниво 20
  Повеќе