Аплицирање за курсевите
Процедура за учество на основно ниво и на следните нивоа

 

Аплицирање за курсевите

За да присуствувате на курсевите, Ве молиме отворете ја страната „Распоред на курсеви“ со цел да ги погледнете курсевите што ги обезбедува МЕЛ Македонија, вклучувајќи го и нивниот датум, локација, надомест и информации за тоа како да се аплицира. Освен надоместокот за учество на семинарот, не постојат други финансиски обврски. Секој на возраст од 18+ години може да присуствува на курсевите (или со согласнот од родителите на возраст помеѓу 14-18 години) и не е потребно посебно претходно образование.

 

Пријавување

Потребно е да се пријавите за семинарот најмалку 1 недела пред неговото одржување. За да се пријавите, Ве молиме преку порака на info@melmacedonia.com или на телефон 070-227-547, доставете ни ги следните податоци:

  • Ваше име и презиме.
  • УЕ ниво за кое се пријавувате и датумот на негово одржување.
  • Копија или слика од уплатница 

Уплата

Уплатата треба да се изврши на следната жиро сметка:
М.Е.Л. Македонија
300000002396518
Комерцијална Банка
Цел на дознака: Уплата за учество на семинар за ниво _____.

 

Целта на УЕ школото и филозофијата на Човештво Просветување Љубов (Mankind Enlightenment Love - MEL) е практикантите да искусат реални позитивни промени во нивниот живот, што може да се случи доколку практикантите се подготвени да посветат одредено време за редовно да го практикуваат УЕ методот. Поради оваа цел, УЕ школото има принцип дека никој не треба да влијае врз другите луѓе да донесат одлука дали и кога да го научат УЕ методот, било преку лично убедување или маркетинг и промотивни средства.

 

МЕЛ Македонија работи во согласност со овој принцип, односно не користи убедување и не се рекламира во медиумите, туку одржува курсеви само кога за тоа има барање и интерес од луѓето. Доколку имате желба да завршите одредено УЕ ниво, а во распоредот нема закажан курс за истото, потребно е да ни пратите email на info@melmacedonia.com, во кој ќе наведете: а) УЕ ниво кое имате желба да го завршите, б) месец кој ви одговара да се одржи нивото и в) ваше име и презиме. Врз основа на овие барања, МЕЛ Македонија ќе закаже курс кога ќе соберат доволен број на луѓе за да се креира група за одржување на одредено ниво.

 

За време на курсевите, студентите ја учат теоријата и практиката на УЕ методот и добиваат прирачник за примена на техниките. По завршување на курсот, студентите можат да го применат научениот материјал, следејќи го прирачникот за студенти, во било кое време и место. Студентите немаат никаква обврска да го применуваат она што го научиле или да го применуваат по строга рутина, да присуствуваат на активности или настани поврзани со курсевите и УЕ методот, или да одржуваат контакт и да даваат повратни информации за нивната примена на инструкторите или на било кое друго лице.

 

На секое ниво, дури и на Основно ниво, студентите учат доволно техники кои можат да им помогнат да го подобрат нивното ментално и физичко здравје, доколку се применуваат правилно и континуирано секој ден. Студентите нема потреба да ги завршат сите нивоа за да искусат ефекти од примена на УЕ методот. Не постои дипломирање или некој вид на конечна сертификација по завршувањето на сите нивоа. За некои луѓе, доволно им е само Основното ниво за да создадат задоволителни позитивни промени кај нив и нивните блиски.

 

Студентите не би требало да се консултираат со други луѓе, дури ни со инструкторите, за одлуката дали и кога е вистинското време да продолжат на следното ниво во УЕ методот. Најдобро е тие самостојно да ја донесат оваа одлука, во зависност од нивното чувство и размислување, слободното време да ги практикуваат техниките и други околности во нивниот живот.