Опис на курсевите
Информации за структурата и содржината на курсевите

 

Опис на курсевите

Методот на Човечка и универзална енергија, исто така познат како метод на Универзална енергија (УЕ), се нуди како едукативна програма составена од 8 различни курсеви, кои се нарекуваат нивоа во УЕ методот. Терминот „ниво“ се користи за да се посочи дека курсевите треба да се посетуваат во серија, односно студентот треба прво да го посети основното (почетното) ниво за да може да присуствува на следното ниво, а потоа по истата постапка до највисоко ниво. Комплетирањето на курсот се формализира со давање на сертификат за соодветното ниво.

 

СТРУКТУРА НА КУРСЕВИТЕ

Име на курсот Вклучени нивоа Време-траење Цена
ОСНОВНО НИВО 1, 2, 3, 4, 5 2 дена 1500 ден
СРЕДНО НИВО 1 5.1, 5.2, 6 2 дена 4500 ден
СРЕДНО НИВО 2 7, 7+ 2 дена 4500 ден
НАПРЕДНО НИВО 1 11, 12, 13 2 дена 5800 ден
НАПРЕДНО НИВО 2 13+, 13++ 2 дена 5800 ден
ОРИЕНТАЛНА ФИЛОЗОФИЈА 16, 17, 18 3 дена 7800 ден
СПИРИТУАЛНА НАУКА 1 19 3 дена 7800 ден
СПИРИТУАЛНА НАУКА 2 20 3-5 дена 9700 ден

 

ТЕОРИЈА И ПРАКСА КОЈА СЕ ПРЕДАВА НА КУРСЕВИТЕ

УЕ методот се заснова на теоријата дека нашето тело прима проток на Универзална енергија низ седум главни центри или „чакри“ лоцирани на човековото тело. Овој проток на енергија може да биде нарушен од различни фактори, но главни причинители се менталниот и физичкиот стрес што луѓето ги доживуваат во својот живот, кои може да предизвикаат слабеење на имуниот систем и здравствени проблеми ако стресот постои подолго време.

 

Како решение за овие проблеми, УЕ методот учи за три основни концепти кои можат да го подобрат протокот на енергија во телото и на тој начин да ни помогнат да ја подобриме нашата ментална и физичка состојба. Основните концепти се: медитација, канализирање на енергија и филозофија на Човештво Просветување Љубов која учи за позитивно размислување кон себе си и околината. Овие концепти не е лесно да се применат во реалниот живот, особено во денешниот турбулентен свет. Сепак, УЕ методот учи дека со активирање на нашите природни латентни потенцијали, можеме ефикасно да ги примениме овие концепти.

 

Студентите можат да ги активираат и зајакнат овие потенцијали во процес на длабока медитација, што се спроведува за време на курсевите за секое УЕ ниво. На почеток, овој процес започнува со „отворање“ или активирање на чакрите, а потоа продолжува со зголемување на енергетските потенцијали. Овие латентни потенцијали постојат кај секое човечко битие и секој има шанса да ги активира. Активираните потенцијали се применуваат преку дефинирани техники наведени во прирачникот за студенти.

 

Техниките се користат за смирување на умот и правилно канализирање на Универзалната енергија во областите на телото погодени со одредена дисфункција или тензија. Процесот на канализирање на Универзалната енергија едноставно се нарекува „трансфер на Универзална енергија“ или „трансфер на енергија“. Континуираната примена на позитивни енергетски вибрации врз телото може да им помогне на клетките и органите да се обноват и да ја вратат нивната нормална функција, со што ќе се подобри целокупното здравје.

 

Почнувајќи од основното ниво, трите основни концепти (медитација, канализирање на енергија и позитивно размислување), се учат и практикуваат во нивната поедноставена форма. На следните нивоа, УЕ методот навлегува подлабоко во истите концепти, воведувајќи дополнителни и понапредни техники со кои се опфаќаат дополнителни области на примена за нас и околината.

 

Нивоата во УЕ методот се дизајнирани како чекори за постепено напредување, овозможувајќи им на студентите да имаат време да ги искусат и разберат основните концепти пред да одат понатаму во понапредна примена. На овој начин, студентите имаат шанса континуирано да ги зголемуваат своите природни потенцијали и да ја издигнуваат состојба на умот, со крајна цел да создадат повеќе позитивни резултати за себе и околината.

 

УЕ методот не пропишува користење на лекови и промени во исхраната. Практиката првенствено вклучува позитивен ментален фокус, па оттука може да се примени заедно со медицински третман. УЕ методот не е наменет да биде замена за официјалната медицина и никогаш не треба да се смета како таков.