За нашата организација
 

 

За нашата организација

Организацијата МЕЛ Македонија е невладинa и непрофитна организација која работи на предавање на теоријата и праксата на методот на Човечка и универзална енергија (УЕ метод) и филозофијата на Човештво Просветување Љубов (Mankind Enlightenment Love - MEL), преку одржување на семинари во Македонија.

 

МЕЛ Македонија е авторизирана од страна на основачот на УЕ методот, Мастер Луонг Мин Данг, а исто така е дел од светската мрежа на УЕ центри наречена МЕЛ Глобал, во која се поврзани организации (центри) кои ја предаваат автентичната програма на Мастер Луонг Мин Данг.

 

На семинарите кои ги предаваат авторизирани инструктори од МЕЛ Македонија, учесниците имаат можност да ги научат техниките за помош на себе и на другите луѓе со цел унапредување на физичкaта, менталната и спиритуалната благосостојба преку употреба на УЕ методот. 

 

За учество на семинарите кои вообичаено траат од 2-3 дена, се плаќа надомест за учество со што практикантот добива брошура и сертификат. Преслушувањето на семинарите е бесплатно. Практикантот нема дополнителни трошоци кон организацијата како членарини и слично.

 

МЕЛ Македонија исто така се залага и за истражување на ефектите од примената на Универзалната енергија врз емотивната, физичката и здравствената состојба на човекот. Здружението организира патувања на групи за посета на предавања и семинари во странство, поврзани со изучувањето на методот на Универзалната енергија. Здружението исто така се занимава со преведување и публикување на книги од областа на човечкото позитивно делување кон себе и кон другите.