Искуства за УЕ Весник
Издание за 2015

 

Почитувани студенти,

Како што знаете секоја година МEL центарот издава УЕ весник со искуства на студенти од примена на Универзалната Енергија. Веруваме дека секој од нас секојдневно се соочува со најразлични животни ситуации кои го збогатуваат нашето искуство.

Ги охрабруваме сите оние кои можат и сакаат да го надополнат и овој УЕ весник со некое драгоцено искуство да се приклучат во формирањето на новиот број за 2015 год. На тој начин им оставаме на идните генерации пишани докази за уникатноста и големината на учењето кое Мастер Данг го остави на човештвото. Исто така меѓусебно ќе се охрабриме и поттикнеме уште повеќе да работиме и безрезервно да помагаме на нашата земја и нашите најблиски.

Искуствата се анонимни и можете да ни ги испратите на e-mail – velikapeneva@gmail.com или лично да ни ги доставите за време на состаноците. Доколку сте во можност користете кирилична поддршка за полесна техничка реализација на текстовите.

Однапред Ви благодариме за придонесот,

Тимот на МЕЛ Македонија