Добредојдовте во МЕЛ Македонија
Општи информации за методот на Човекова и универзална енергија

 

Добредојдовте во МЕЛ Македонија

МЕЛ Македонија е организација која обезбедува курсеви за примена на методот за Човекова и универзална енергија и филозофијата на Човештво Просветување Љубов (Mankind Enlightenment Love - MEL), кои се нудат согласно оригналните постулати и предавања на авторот на овој метод Мастер Луонг Мин Данг.

 

Методот за Човекова и универзална енергија исто така се нарекува метод на Универзална енергија или накратко УЕ метод. Toj се заснова на теоријата дека телото прима проток на универзална енергија низ главните центри т.н. „чакри“, лоцирани на човековото тело. Овој проток на енергија може да биде нарушен од различни фактори, но главни причинители се менталниот и физичкиот стрес што луѓето ги доживуваат во својот живот, кои може да предизвикаат слабеење на имуниот систем и здравствени проблеми ако стресот постои подолго време.

 

Основната цел на УЕ методот е да им помогне на практикантите да ја повратат својата ментална и физичка состојба преку подобрување на протокот на енергија во нивното тело. За да се постигне ова, практикантите учат техники за смирување на умот и канализирање на енергијата кон зафатените области на телото, со цел да им се помогне на клетките и органите да се обноват и да ја повратат нивната нормална функција.

 

За да можат ефективно да ги применуваат техниките, практикантите поминуваат низ процес на активирање на природните латентни потенцијали кои постојат во секое човечко битие. Континуираната примена на техниките може да им помогне на луѓето да ги надминат своите здравствени проблеми и да одржуваат силен имун систем. 

 

УЕ методот се нуди како едукативна програма составена од 8 различни курсеви, кои се подетално опишани на страната „Опис на курсевите“. За да присуствувате на курсевите, Ве молиме отворете ја страната „Распоред на курсеви“ со цел да ги погледнете курсевите што ги обезбедува МЕЛ Македонија, вклучувајќи го и нивниот датум, локација и информации за тоа како да се аплицира.

 

Автор на УЕ методот е Мастер Луонг Мин Данг (1942-2007), кој е познат накратко како Мастер Данг. Тој посвети 35 години од својот живот да ги постави теоретските и практичните основи на УЕ методот и да го сподели на студенти во повеќе од 60 земји. На страната „За Мастер Данг“ можете да прочитате повеќе информации за делото и улогата на Мастер Данг.

 

МЕЛ Македонија е организација која е авторизирана од Мастер Данг за предавање на УЕ методот. Постојат голем број на организации и поединци во светот кои предаваат помалку или повеќе изменета верзија на оригиналниот УЕ метод. Но, МЕЛ Македонија, како и другите центри дел од глобалната мрежа МЕЛ Глобал, обезбедуваат само автентична и не модифицирана верзија на УЕ методот, како што беше првествено поставен и пренесен од Мастер Данг, сметајќи дека методот обезбедува најдобри резултати кога се применува во неговата оригинална форма.